20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонската и грчката царина разбиле меѓународен канал за шверц на дрога

Од Царинската управа на Република Македонија информираат дека неодамна бил спречен меѓународен канал на шверц со марихуана.

Како што велат оттаму, станува збор за меѓународен канал преку кој од Грција преку балканските земји до земјите од Западна Европа се шверцувала дрога. Според информациите, марихуана во количина од 300 килограми, шверцувана во вреќи со ориз, на 28 јануари годинава била запленета на граничниот премин Богородица благодарение на размената на информации со грчките царински власти.

Воедно, од Царинската управа соопштуваат дека во средата на 31 јануари, властите на Грција, по добиените сознанија од страна на нашите служби, извршиле преглед во магацин за складирање стока, лоциран во пристаништето Неа Перамос, западно од Атина, при што заплениле речиси половина тон марихуана скриена во вреќи со ориз наменети за Холандија, подготвени од истата организирана банда која подолго време и по утврдена процедура се занимавала со меѓународен шверц на наркотични дроги.

Спонзорирано: