Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Комесарот за човекови права се сомнева дека е повредена процедурата при приведувањето на пратениците

Комесарот за човекови права на Европа, Нилс Муижниекс, во врска со притворањето на пратениците обвинети за насилствата во Собранието на 27 април, вели дека процесот е сомнителен. Тој негодува во однос на процедурите, односно приведувањето на пратениците, иако тие имале пратенички имунитет кој ги штител.

– Притворот треба да се изрекува само кога е неопходно, а не како казна, особено не кога се знае какви се условите таму. Од многуте извештаи знам дека условите во притворот се многу лоши и дека треба многу да се стори за нивно подобрување – вели Муижниекс.

Тој во врска со односот на слободата на изразување додава дека луѓето имаат право да се изразат, но немаат право да тепаат доколку имаат спротивставени ставови.