23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган е првиот турски претседател што ќе го посети Ватикан

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ќе се состане со папата Франциско во Ватикан, каде што ќе разговара за билатералните и регионалните прашања.

Кабинетот на турскиот претседател објави дека Ердоган на повик од папата ќе отпатува во дводневна посета на Ватикан на 4 февруари. Ердоган исто така ќе се состане со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Паролин.

Главните теми на состанокот на Ердоган со папата Франциско ќе бидат билатералните односи меѓу Турција и Ватикан, како и регионалната криза, статусот на Ерусалим, ситуацијата во Сирија, проблемите со ксенофобијата и исламофобијата во светот, борбата против тероризмот и други прашања.

Ердоган е првиот турски претседател што ќе го посети Ватикан, наведе турската национална телевизија ТРТ.

По официјалната посета на Ватикан, Ердоган ќе се остане во Рим на средба со својот италијански колега, Серџо Матарела, а потоа ќе се сретне и со италијанскиот премиер Паоло Џентолини.

Спонзорирано: