5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Доктор Пропаст: Ова е најлошото во човечката историја

Нобеловецот Нуријел Рубини, познат и како Доктор Пропаст вели дека биткоинот е најголемиот балон во човечката историја.

Како што рекол за „Блумберг“, „оваа мајка на сите балони конечно паѓа“.

Биткоинот денес падна под 8.000 долари, што е пад од 60 отсто во однос на рекордот од речиси 20.000 долари колку што беше на 18-ти декември.

Не е само биткоинот, додал Рубини. Постојат уште 1.300 крипто-платформи, како што рекол, и сите се од лоши полоши, и сите се балони пред пукање, вели тој.

Тој е убеден дека блокчејн системот ќе се сруши бидејќи е всушност измама.

„Ако погледнеме од друга страна, биткоинот е еколошка катастрофа“, рекол тој наведувајќи ги податоците за зголемувањето на трошоците за енергија поради „копање“ криптовалути.

Спонзорирано: