20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авион полн со водоинсталатери морал да слета поради дефект на веце-школката

Френк Олсен, директор на компанијата „Роркјоп“, и неговите 70 водоинсталатери минатата недела се качиле на авион во Осло со цел да посетат саем за опрема во Германија.

Набргу по полетувањето, екипажот забележалал дефект во тоалетот на авионот. Според прописите, тие морало да се вратат и да слетаат. Кога ги известиле патниците зошто мора да го прекинат летот, настанала громогласна смеа.

„Тоа беше ретка ситуација во која патниците мораа да слетаат поради проблем со тоалетот, а беа толку весели“, изјавил Олсен за „Вашингтон пост“.

„Ние со задоволство ќе го поправевме тоалетот, но, за жал, тоа можеше да се направи само од надворешниот дел на авионот. Сепак, сфативме дека испраќањето на еден од нашите водоинсталатери на височина од 10.000 метри можеби и не е најдобро решение“, се пошегувал тој.

Дефектот бил откриен 15-ина минути по полетувањето, но авионот требало да кружи околу еден час над Осло за да потроши доволно гориво за безбедно слетување. Оние што морале да одат во тоалет за време на тој час, требало малку да се воздржат.

Спонзорирано: