15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ахмети: Евентуалниот референдум за името може да го комплицира процесот

Решението побргу ќе се постигне со ратификација на договорот за името во парламентот, а евентуалниот референдум може да го комплицира процесот, смета лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој ова им го посочил денеска на европратениците Виктор Боштинару, Тања Фајон, од групата Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, како и Тонино Пицула, известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент.

„Групата Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент изрази целосна поддршка на агендата на парламентарното мнозинство и реформската влада ставајќи се во целосно располагање за да ѝ помогне на Македонија и регионот. Ахмети ја поздрави подготвеноста на европратениците и рече дека периодот што претстои пред нас е одлучувачки не само за Македонија туку и за регионот“, соопштија од ДУИ по средбата.

Ахмети рекол дека компромис за решавање на спорот за името треба да се постигне сега почитувајќи ги карактеристиките на страните и размислувајќи за заедничката иднина во евро-атлантското семејство.

Ахмети исто така ги уверил гостите дека спроведувањето на системските реформи во земјата нема да запре и изрази уверување дека опозицијата ќе учествува во овој процес за доброто на граѓаните.

Спонзорирано: