13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Партнерството меѓу Владите, приватниот сектор и образовните системи обезбедува напредно општество

Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше и имаше обраќање на свеченото отворање на Институтот за бизнис и менаџмент од Хајделберг со седиште во Скопје, кој во соработка со Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) ја организираа првата меѓународна конференција со наслов „Меѓународни стандарди за контролинг – имплементација во пракса“.

Премиерот на конференцијата, на која присуствуваа и истакнати професори и претставници на бизнисот и јавната администрација, ја истакна важноста на почнувањето со работа на германскиот Институт за извршно образование во Република Македонија, кој во главниот град го основа „Форум институтот за менаџмент“ од Хајделберг и рече:

„За угледот на ‘Форум институтот за менаџмент’ од Хајделберг, како меѓународна група на институти што се занимава со обука на корпоративни специјалисти и директори, како и на студенти на специјалистичко образование, зборуваат фактите: 1.500 настани годишно, 4.500 семинарски дена и 20 илјади учесници годишно, првокласни предавачи и актуелни теми. Една од најважните карактеристики во работењето на овој институт е тесната врска со праксата, односно со бизнис и претприемачката реалност и вкрстувањето на таа пракса со најновите трендови од економската наука. Оваа карактеристика е од извонредно значење за промоција на претприемаштвото како современа деловна и развојна филозофија на приватните и јавните, на стопанските и нестопанските претпријатија, и на профитните и непрофитните организации“, потенцира Заев.

Премиерот додаде дека улогата на владите е да обезбедуваат мотивирачка средина за севкупниот приватен сектор. Да создаваат и спроведуваат услови за бизнис и за менаџирање со фер и транспарентна регулатива.

„Оттука, неизоставно доаѓаме до следниот заклучок – доколку сакаме реализација на нашите развојни цели, доколку сакаме да изградиме општество што расте и напредува, приватниот сектор, владите и образовните системи мора да работат заедно. Мора да создаваат искрено партнерство помеѓу себе“, наведе Заев.

Притоа тој посочи еден пример со цел да ја потврди низ пракса неопходноста од партнерство меѓу приватниот сектор, владините политики и образованието.

„На крајот од 50-тите години 78 отсто од Корејците биле неписмени. До 1970 година приходот на жител достигна едвај 900 долари. Сепак, Јужна Кореjа знаеше дека образованието е најдобриот начин да се извлече од економската криза. Затоа се фокусира на преструктуирање на училиштата и на посветеноста на едукација на секое дете. Заедно со паметните иновативни владини политики и со енергичниот приватен сектор, денес Јужна Кореја има стапка на писменост од 98 отсто, спаѓа во групата земји со високи примања на жител, со 26.000 долари во 2016 година и претставува пример за успешен економски развој и модел за други земји“, истакна премиерот.

Тој констатира дека светот се менува бргу, а образованието продолжува да ги поттикнува растот и просперитетот.

„Имајќи го сето ова предвид, како и профилот и мисиите на „Форум институтот за менаџмент“ од Хајделберг и нивните партнери, убеден сум дека оваа високообразовна институција ќе ги донесе новите трендови во високото специјализирано, постдипломско образование и во нашата земја“, потенцирашпремиерот.

Спонзорирано: