11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Куманово ќе патролираат маалски полицајци

Денеска во Куманово беше промовирана позорната служба или т.н. маалски полицаец.

Минисерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оцени дека оваа служба има исклучително значење во делот на превентивното работење, зближувањето со граѓаните, познавањето на средината во која работи позорникарот и градењето на врската полицаец-граѓанин.

„За да имаме безбедни градови, безбедни населени места, безбедни улици, мора да имаме полицајци што ќе бидат во постојан контакт со граѓаните, кои ќе ги знаат граѓаните и на кои ќе им се обраќаат граѓаните за сите нивни потреби. Граѓаните ќе има на кого да му се обраќаат за сите негативни појави што се случуваат во нивното опкружување. Денеска ја промовираме позорната служба во Куманово, а почнуваме и на подрачјето на СВР Штип и СВР Битола за понатаму да продолжиме во сите градови“ рече Спасовски.

Во Куманово има 70 позорникари кои покриваат 17 реони. Истовремено, во Куманово беше промовирана и новата зграда, односно новите простории во кои ќе работат неколку организациони единици од СВР Куманово – секторот за управни служби, секторот за странци, секторот за оружје и секторот за прекршоци.

„Овие сектори работеа во многу лоши услови. Сега во поранешниот Дом на АРМ, кој беше реконструиран и со средства на МВР за овие шест месеци целосно опремен, ќе има нормални услови за работа. На површина од 800 квадратни метри граѓаните ќе може да ги завршуваат своите обврски, меѓутоа и да се зголеми мотивираноста кај вработените во овие сектори“, рече Спасовски.

Министерот најави дека и во наредниот период, односно во текот на 2018 година, ќе продолжат активностите за подобрување на професионалните и инфраструктурните стандарди на работење на сите вработени во Министерството.

Спонзорирано: