11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
СВЕТ

Уапсен поранешен таен агент

Шпанската полиција го уапси поранешниот агент на југословенската тајна служба, Винко Синдичиќ (75), кого риечкото обвинителство го сомничи за лажно пријавувањ кривично дело и лажно сведочење во Минхен во 2008 година против Крунослав Пратес, осуден на доживотен затвор за убиството на Стјепан Ѓурековиќ во 1983 година.

Шпанските медиуми наведуваат дека тој е изведен пред судот и дека се чека одлука за екстрадиција.

Синдичиќ, врз основа на хрватска потерница, во Шпанија бил уапсен и на 9 ноември во 2015 година, но истражниот суд во Мадрид на почетокот на 2016 година одбил да го екстрадира затоа што сметал дека Шпанија не е должна да го екстрадира во Хрватска, ако за лажно сведочење и лажно пријавување кривично дело не го бара Германија на чија територија е одржано судењето и наводното кривично дело.

Спонзорирано: