11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Од мајката го „купила“ синот со ново Ферари, градежно земјиште и 100.000 долари

Новопечени млади во Кина предизвикале бурни реакции кај своите сограѓани кои нивниот брак го нарекуваат „контроверзен“.

Станува збор за разведена 38-годишна жена и 23-годишно момче за кои многумина сметаат дека не стапиле во брак од љубов, туку од финансиски причини.

Имено, невестата е само година дена помлада од својата свекрва, што била и најголема замерка кога парот се одлучил на свадба.

Друга замерка била нејзиното 14-годишно дете од првиот брак, но и фактот што забременила со младиот човек.

Младата сепак нашла начин да добие благослов од родителите на момчето.

Со оглед на тоа што е успешна бизнис жена која се занимава со недвижнини, на родителите им понудила повеќе од 100.000 долари, градежно земјиште и автомобил Ферари – во вкупен износ од околу 800.000 долари. Родителите веднаш се согласиле на брак.

Нивната приказна станала вирална, а додека едни зборуваат за брак кој настанал од љубов, но кон парите – други истакнуваат дека Кина и натаму е неразвиена во поглед на рамноправност на половите.

Спонзорирано: