5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay / илустрација
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје 12 сообраќајни незгоди, двајца потешко и двајца полесно повредени

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди, од кои две со тешки телесни повреди, две со телесни повреди и осум со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица добиле тешки телесни повреди и две телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 23 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, едно лице управувало моторно возило под дејство на алкохол, а 24 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да стекнат право за управување моторно возило.

Поради технички неисправни возила, од сообраќајот исклучени се две возила и 13 возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола. Во текот на изминатиот ден издадени се 98 мандатни платни налози, а 53 возила се подигнати со пајак. Во однос на пешаците, санкционирани се девет пешаци што поминале коловоз надвор од пешачки премин, тројца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло и по еден возач бидејќи не дале првенство на минување, односно поради неправилно престројување.

Спонзорирано: