10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Вечерва е супер сина крвава месечина – она што се случува на небото, не е видено веќе 36 години

По пауза од 36 години, жителите на Северна Америка, Азија, Блиски Исток, Русија и Австралија беа сведоци на редок астрономски феномен – супер сина крвава месечина. Станува збор за спојување на три необични лунарни појави: супермесечина, сина месечина и целосно затемнување на Месечината. Феноменот не е видлив за жителите на Европа.

Опсерваторијата во Лос Анџелес е претесна да ги прими сите заинтересирани коишто уште рано изутрината поитале да ја следат оваа појава, којашто е видлива и со голо око.

Феноменот се јавува на секои две години и осум месеци. Според Кели Бити, уредник на списанието Sky and Telescope, станува збор за редок астрономски триплет.

Супермесечина се појавува кога Месечината е најблиски до земјата во својата орбита. Во таа точка, наречена перигеј, Месечината изгледа за 14 отсто поголема и 30 проценти посјајна. Тие две појави не се толку ретки, но 36 години немало во комбинација со затемнување на Месечината.

Порамнувањето на Сонцето, Месечината и Земјата ќе трае еден час и 16 минути. Во западниот дел на САД и на Канада ќе биде видливо пред зора, а на Блискиот Исток, во Источна Русија, во Австралија и на Нов Зеланд во вечерните часови.Астрономскиот триплет последен пат се случи на 30 декември 1982 година и тогаш можеше да се види во Европа, во Африка и во западниот дел на Азија.

Спонзорирано: