19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп повика на единство, побара од републиканците и од демократите да работат заедно

Кина и Русија им се конкуренти на САД, кои ги доведуваат во прашање американските интереси, економија и вредности, порача американскиот претседател, Доналд Трамп, за време на својот говор до нацијата.
„Во светот се соочуваме со отпаднички режими, терористички групи и соперници како што се Кина и Русија, кои претставуваат предизвик за нашите интереси, економија и нашите вредности“, истакна Трамп.
Тој ги повика републиканците и демократите да работат на постигнување компромис и ги нагласи резултатите на неговата администрација во економијата.
„Вечерва ги повикувам сите да ги ставиме разликите настрана, да настојуваме да најдеме заеднички јазик“, рече Трамп во говорот пред Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.
За време на говорот, во кој тој повика на единство, беше забележлива поделбата меѓу двете страни, републиканците гласно со аплауз го поздравуваа неговиот говор, а демократите седеа во тишина.
Најави дека ќе продолжи ангажманот на САД во Авганистан и дека нема јавно да се најавуваат плановите или роковите за повлекување.
Го спомена и Ерусалим потсетувајќи дека во ОН десетина земји гласале против правото на САД да го признае тој град за израелска престолнина. Севернокорејското раководство го нарече развратно, а на Американците им порача дека настојувањето на Пјонгјанг да дојде до нуклерани ракети би можело многу бргу да им се закани на САД и вети дека ќе продолжи со максимален притисок за да не дојде до тоа. Трамп се заложи за модернизација и обнова на американскиот нуклеарен арсенал, но изрази надеж дека САД никогаш нема да имаат потреба да го употребат.
Американскиот претседател истакна дека предложил чесен компромис за реформа за имиграцијата и изрази надеж дека ќе добие поддршка од демократите за усвојување на законот во Конгресот. Повика и доделувањето виза за влез во САД преку лотарија да се замени со систем втемелен на заслуги, како и да се спречи имиграцијата по пат на семејни врски, освен во случај на сопружници и малолетни деца.
Спонзорирано: