11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Тајм“: Харадинај меѓу најбараните геополитички бегалци

Соборениот каталонски претседател, Карлес Пучдемон, кој се наоѓа во Брисел, имамот Фетулах Ѓулен, основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, косовскиот премиер Рамуш Харадинај и поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили се наоѓаат на листата петмина најбарани геополитички бегалци, што ја состави магазинот „Тајм“.

Новинарот Јан Бремер во текстот на порталот на магазинот „Тајм“ пишува дека косовскиот премиер станал познат во јавноста за време на доцните деведесетти години. Командантот на Ослободителната војска на Косово беше обвинет дека предводел мачења и убиства на Срби, но поради недостиг на докази, е ослободен од обвинение за воени злосторства во 2008 и 2012 година.
„Тајм“ пишува дека Србија, која одби да ја признае независноста на Косово, не била задоволна со одлуката и бара да му суди на Харадинај пред сопствените судови.

Како што пишува „Тајм“, Харадинај не се соочува со правен предизвик само во Србија. Со дискреција на западните сојузници и парична помош од ЕУ косовскиот парламент во 2015 година изгласа основање на специјалниот суд, кој би бил базиран во Холандија, но би дејствувал под косовска надлежност.

Спонзорирано: