11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен потрес ја стресе земјата – се стравува за повеќе жртви во Пакистан

Во силен земјотрес со јачина од 6,1 степени, што ги погоди Пакистан и Авганистан, загина едно девојче, а пет лица беа повредени, изјавија официјални лица.

Најмалку едно девојче загина, а петмина се повредени кога се урнале покривите на повеќе куќи во село во пакистанската провинција Балучистан, изјави локалниот официјален претставник, Изат Назир. Властите сè уште ја проценуваат штетата во Балучистан. На локалните телевизиски станици беа објавени снимки од тоа како Пакистанците ги напуштаат своите работни места, домови и училишта.

Земјотресот се почувствувал и во главните градови на Авганистан и Пакистан, Кабул и Исламабад. Заега нема извештаи за можна штета или жртви во Авганистан. Потресот бил почувствуван и во Њу Делхи, главниот град на Индија, како и индискиот дел од Кашмир.

Епицентарот на земјотресот бил регистриран во североисточниот дел на Авганистан, во близина на границата со Пакистан, на длабочина од 191,2 километар.

Инаку, во земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала во 2005 година во Пакистан и Кашмир загинаа илјадници луѓе, потсетуваат светските агенции.

Спонзорирано: