17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Шилегов: Цената на водата ќе остане иста, нема потреба од поскапување

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната петта седница на Советот на Град Скопје ги повлече од дневен ред предлог-одлуките со кои беше предвидена промена на цената на водата во Скопје, информираат од Град Скопје.
Станува збор за три точки, поточно предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за регулиран период 2018-2020 година; предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување тарифа за собирање и одведување урбани отпадни води на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за регулиран период 2018-2020 година; како и предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување тарифа за прочистување отпадни води на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за регулиран период 2018-2020 година.
„Имајќи предвид по извршената длабинска анализа за финансиската состојба и работењето на ЈП „Водовод и канализација“, имајќи предвид дека се политикантски мотивите на Регулаторната комисија, имајќи предвид дека Регулаторната комисија не ја заснова својата одлука на фактите и реалните потреби на граѓаните, предлагам точките 25, 26 и 27 да се симнат од дневниот ред. Додека сум јас градоначалник на Скопје, граѓаните на град Скопје поради политикантски одлуки на партизирани органи од минатото, нема потреба да плаќаат поскапа вода. Водата ќе остане со иста цена, а ние со домаќинско работење ќе ги сервисираме сите потреби на јавното претпријатие“, кажа градоначалникот Шилегов.
Спонзорирано: