3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се самоуби познатиот актер

Актерот Марк Салинг, познат по улогата во серијата „Гли“, се самоуби во неговата 36. година од животот. Тој подолго време имаше проблеми со законот, а веста за неговата смрт ја потврди и неговиот адвокат Мајкл Џеј Прокорт.

„Можам да потврдам дека Марк Салинг почина утрово. Тој беше една прекрасна, нежна и креативна личност, која правеше сè што може да надомести за некои сериозни грешки во животот“, изјави Прокорт.

Салинг чекаше судење за поседување на повеќе од 50 илјади примероци детска порнографија кои ги собрал во периодот меѓу април и декември 2015 година. Пресудата требаше да биде донесена во март, а Салинг се соочуваше со казна помеѓу четири и седум години.

Причината за неговата смрт не е официјално потврдена, но медиумите јавуваат дека телото на Салинг било пронајдено во шумата во близина на реката Лос Анџелес во Санленд, каде што живееше. Тие известија дека тој извршил самоубиство со бесење. Салинг и претходно беше обвинуван за сексуално насилство, а жената којашто го тужеше прифати судска спогодба од 2,7 милиони долари.

Спонзорирано: