9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пучдемон: Не се повлекувам, продолжуваме

Каталонскиот лидер, Карлес Пучдемон, кој се наоѓа во егзил во Белгија, негира дека се откажува од борбата за лидерската позиција во парламентот.
Тој, всушност, реагирал на објавен телевизиски прилог во кој било наведено дека Пучдемон рекол дека шпанската влада ја добила битката во Каталонија.
„Не се плашам и нема да се повлечам. Продолжуваме“, напиша Пучдемон на „Твитер“ по прилогот на шпанската национална телевизија, каде што била прикажана приватна телефонска комуникација на Пучдемон во која пишувало дека битката е завршена и дека неговите соработници го жртвувале.
Спонзорирано: