4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Предмалку министерот Оливер Спасовски со одлична вест за новата мерка- сите го бараа овој чекор, но ниту една власт досега не го имаше исполнето!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, попладнево на социјалните мрежи обелодени дека се враќаат позорникарите во маалите по населените места.

– Го враќаме малскиот полицаец „Позорникар“. Почнуваме од СВР Куманово. Промоцијата ќе ја извршиме во централното градско подрачје утре во Куманово. Зборот е збор!, најави Спасовски.

Позорникарите во минатите децении биле вистински заштитници на населението, а нивното укинување влијаеше и на оддалечување на полицаецот како личност од граѓаните. Ваквата мерка би можело да ја врати довербата на граѓаните кон полицијата, која во време на владеењето на режимот беше сериозно нарушена.