11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

По сообраќајната незгода, Дац ќе се збогува со директорското место

По сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер, а во која директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов – Дац, управувајќи под дејство на алкохол, со своето возило удри 21-годишна девојка, Владата ќе го разреши од раководната функција.

„МВР и сите други органи ќе го истражат настанот детаљно и во најкус можен рок, а сите наоди ќе ѝ бидат презентирани на јавноста. Во секој случај Владата на РМ смета дека секој мора да поднесе одговорност во согласност со законите. Лице што сторило ваков тежок прекршок и довело во опасност друга личност, за среќа, без сериозни последици за нејзиниот живот, не може да раководи со институција и да извршува јавна функција“, пишува во ставот на Владата.

Спонзорирано: