11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Одобрено обвинението за „Титаник“ – поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ обвинет за изборни измами

Обвинителниот акт на СЈО за предметот „Титаник“ денеска е одобрен од Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1.

Од кривичниот суд соопштија дека по одобрениот обвинителен акт, формиран е кривичен предмет со КОК бр. 7/18, кој во согласност со АКМИС-електронскиот систем e распределен на понатамошно постапување, а кога ќе биде закажана главната расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Предметот „Титаник“ е прв случај што го обелодени СЈО, а се однесува на кривични предмети од областа на гласањето, слободите и правата на граѓаните, општата сигурност и имотот, како и кривични дела за злоупотреба на службената должност и овластувањето. Обвинети се 20 лица, меѓу кои Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Мунир Пепиќ, но и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Спонзорирано: