3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Албанскиот бизнис во криза

Албанскиот бизнис е во криза, оценуваат албанските економски аналитичари. Според надлежните институции, во земјата само во јануари оваа година во Албанија се затворени 1.400 субјекти, пренесува тиранскиот весник „Шекули“. Истиот извор наведува дека Дирекцијата за даноци на Албанија соопштила дека затворањето 1.479 само за еден месец е дури 38 отсто поголема во споредба со месеците во минатата година.
Албанските медиуми оценуваат дека зголемениот процент на фирми што заминуваат во пасива е поради тоа што оваа категорија стопански субјекти спаѓаат пред сè малите бизниси, но има и средни. Високите закупнини и опаѓањето на стандардот на населението и немањето доволно средства за работа и обезбедување репроматеријали се главни причини за затворање на бизнисите.