9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција апси лекари зошто ја критикувале турската офанзива во Сирија

Неколку истакнати членови на лекарските здруженија, кои јавно ја критикуваа турската воена офанзива во курдската енклава Африн во Сирија, денеска се уапсени, пренесе турската новинска агенција „Анадолија“. Според информациите, шефот на турската медицинска организација и уште седум луѓе се уапсени поради кршење на турските антитерористички закони, а налозите за апсење се издадени против 11 члена на здружението.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини членовите на здружението дека се обожаватели на терористите, а владата удри на сите што ја критикуваат офанзивата.

За време на минатата недела, поради наводни терористички пропаганди, преку критички интонирани објави на социјалните мрежи, беа уапсени 311 луѓе.

Турција ги смета курдските единици против кои се бори во Сирија за продолжена рака на курдските бунтовници во Турција.