5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сител: Девојката скокнала во Вардар во обид да ги реши љубовните проблеми (видео)

Драма во центарот на Скопје. 27 годишна девојка скокна во Вардар во близина на Камениот мост.

Од полицијата каде околу 13.30 минути бил пријавен случајот информираа дека девојката ја спасил татко и кој заедно со уште двајца мажи влегле по неа во реката.

На аматерското видео се гледа како потоа и викаат и ја тепаат- објави Сител.

Очевидци кои не сакаат да зборуваат пред камера велат дека љубовни проблеми најверојатно биле причината девојката да скокне во Вардар.

Подолго време пред настанот седела сама на клупа на кејот  од страната на кафетериите и викала по момче и девојка кои биле од спротивната страна на реката.

Според очевидците откако скокнала во реката се заплеткала во губрето собрано околу фонтаната и барала помош.

Граѓани повеќе од половина час се обидувале да ја извадат девојката од водите на Вардар.

Во спасувачката мисија пристигнала и екипа на против пожарната служба, а била повикана и Брза помош

Овој несекојдневен настан предизвика внимание кај бројните минувачи во Центарот на градот. (Сител)

Спонзорирано: