13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Работникот што издаде предупредување за напад на Хаваите мислел дека заканата е реална

Американската сојузна комисија за комуникации соопшти дека работникот кој  издаде предупредување за балистички напад на Хаваите го направил тоа зашто помислил дека заканата е реална.
Претходно беше познато дека властите на Хаваи тестирале систем за узбуна, но еден од вработените наместо пробно испратил вистинско предупредување за ракетна закана до граѓаните, иако за тоа немал одобрување од надредените.
Лажната узбуна предизвика паника помеѓу жителите на Хаваи, а на властите им беа потребни 38 минути да испратат известување дека се работи за лажна дојава по нивна грешка.
Лажното предупредување беше испратено до телевизиските и радиостаници на Хаваи, но и на граѓаните преку текстуални телефонски пораки.
Спонзорирано: