13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Помпео: Кина е исто голема закана за САД како што е Русија

Кинеските напори за прикриено влијание врз Западот се исто толку загрижувачки како и руската субверзија, смета директорот на ЦИА, Мајк Помпео. Тој во интервју за Би-би-си вели дека Кинезите имаат многу поголем отпечаток за да го направат тоа отколку што прават Русите.

Како примери ги наведе напорите за кражба на американските комерцијални информации и инфилтрација на училиштата и болниците – и ова се прошири на Европа и Велика Британија.

Помпео беше тврдокорен републикански конгресмен пред да стане шеф на ЦИА.

Претходно оваа година поранешен офицер на ЦИА беше уапсен под обвинение за задржување доверливи информации во случај за кој се смета дека е поврзан со демонтирањето на шпионските операции на агенцијата во Кина. Пред апсењето на Џери Чун Шинг Ли, 20-ина информатори биле убиени или затворени, што е еден од најстрасните неуспеси на американската разузнавачка служба во последните години.

Помпео нагласи дека земјите би можеле колективно да сторат повеќе за да се борат против кинеските напори за остварување на власта над Западот.

„Можеме да гледаме многу фокусирани напори за крадење американски информации, за инфилтрирање на САД со шпиони – со луѓе што ќе работат во име на кинеската влада против Америка“, рече тој.

„Ние го гледаме тоа во нашите училишта, тоа го гледаме во нашите болници и медицински системи, го гледаме низ корпоративната Америка, исто така е вистина и во другите делови на светот… вклучувајќи ги Европа и Велика Британија“.

Спонзорирано: