12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Песков: Сите имиња на листата на Кремељ се прогласени за непријатели на САД

Сите кои се наоѓаат на листата на Кремељ на Вашингтон во суштина се прогласени за непријатели на САД, оцени портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Ако прочитате текст и наслов на документот, ќе видите дека се се работи во согласност со законот за борба против непријателот на САД. Поради тоа дефакто целата група луѓе на списокот се прогласени за непријатели на САД“ рече Песков.

Администрацијата на САД објави листа од 114 имиња на руски политичари и 96 олигарси кои своето богатство го стекнале за време на владеењето на Владимир Путин. На листата, меѓу останатите, се и премиерот Дмитриј Медведев, шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, но и бизнисмените Роман Абрамовиќ, Олег Дерипаски и Еуген Касперски.

Како што пренесуваат американските медиуми, на тој начин амдинистрацијата на Трамп одлучила да одговори на барањето на Конгресот, САД да го казни руското мешање во американските избори во 2016 година.

Листата на имиња не повлекува санкции против поединци, иако поголем број од нив веќе биле опфатени со американските санкции, пренесува АП..

Спонзорирано: