13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лекарот со лоши вести за здравјето на екс-премиерот

Проф. Роберто Џангрило – личниот лекар на лидерот на десницата во Италија и четири пати премиер на земјата, Силвио Берлускони, му нареди на пациентот да седи дома и да одмара цели 48 часа.

Дијагнозата на истакнатиот лекар е „замор и исклучителен стрес“ од предизборната кампања која е во тек и кои го ставиле на тест срцето на Берлускони, на кое минатата година има вградено помошни здравствени помагала.

И како ретко се случува досега, 81-годишниот политичар го послуша докторот и за кратко време се пренесе во зградата крај Милано на сегашната девојка Франческа Паскале и при тоа ги прекина контактите со роднините, пријатели и истомисленици.

За првпат тој одби и неколку учества во исклучително видни на ТВ-емисии, каде се очекуваше да налее уште вода во воденицата на десницата и таа да проработи уште побрзо и многу добро за 4 март кога е закажано парламентарнитo гласање.

Ако се верува, сепак на злите јазици, тогаш Берлускони толку не бил под стрес од барањата за пополнување на предизборните листи, како и од започнатиот нов процес против него за прославените секс услуги од пред неколку години.

Станува збор за т.н. дело „Руби – Тер“, каде што тој е обвинет за купување на лажни сведоштва на еден куп девојки, кои присуствувале на неговите забави „бунга–бунга“, благодарение на кои тој подоцна беше ослободен од процесот за платен секс со помладата Мароканка Карима Ел Махрург или Руби.
Дотолку повеќе што во текот на новата судска авантура на експремиерoт чие обвинението се потпира на сведочењето на позната Италијанка од-филипинско потекло Амбра Батилани.
Спонзорирано: