12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ирска во мај ќе одлучува на референдум за правото на абортус

Ирската влада се согласи да одржи референдум кон крајот на мај за тоа дали да ја реформира речиси целосната забрана за абортусот, објави Би-би-си. Гласањето ќе одлучи дали да се укине уставниот амандман со кој се забрануваат прекините на бременоста.

Во моментот абортусот е дозволен само кога животот на жената е изложен на ризик, но не и во случаи на силување, инцест или фатална абнормалност на фетусот.

Премиерот Лео Варадкар изјави дека ќе се залага за реформи.

Амандманот, одобрен од референдумот во 1983 година, го признава правото на живот на нероденото – што значи дека животот на жената и нејзиното неродено дете се смета за еднаков.

Спонзорирано: