20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Инцидент за време на говорот на Лавров во Сочи

Говорот на рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров на сириската мировна конференција во Сочи, бил прекинат од неколку делегати, кои станале и ја обвиниле официјална Москва за убиства на цивили во нејзините воздушни напади во Сирија, објави Ројтерс. Инцидентот го пренела руската државна телевизија, а на снимката е забележано двајца припадници на обезбедувањето како му приоѓаат на маж во публиката и му кажуваат дека треба да седне и да се смири.

Другите делегати на конференцијата во Сочи, потоа станале и почнале да извикуваат во знак на поддршка на Русија, рекол соговорникот на Ројтерс кој бил присутен во салата.

Лавров ги замолил делегатите да го заврши својот говор, нагласувајќи дека и тие ќе имаат свое време за збор во текот на денот. Како што пренесе ТАС, Лавров рекол дека официјална Москва е благодарна на Техеран, Анкара и на Обединетите нации за нивните напори да го подготват конгресот за сирискиот национален дијалог во Сочи.

„Би сакал да изразам искрена благодарност на нашите колеги во Иран, Турција и ЕО на заедничката работа во подготовките околу конгресот“ рекол Лавров.

Спонзорирано: