21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Блиска средба меѓу руски и американски воени авиони над Црното Море

Блиска средба меѓу руски и американски воен авион се случила вчера над Црното Море, објавија светските новински агенции, повикувајќи се на Стејт департментот. Според информациите, рускиот авион се приближил на растојание од само еден и пол метар од американскиот и прелетал пред него.

Русија беше повикана да прекине со опасните интеракции што ги загрозуваат екипажите и лесно може да доведат до несреќа.

Руската агенција РИА објави дека „су-27“ го пресеретнал американскиот шпионски авион, но исто така дека се вратил во базата кога леталото на американската морнарица го сменил курсот, односно кога тој се оддалечил од рускиот воздушен простор.

Спонзорирано: