11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 11 војници загинаа во напад на воена база во Кабул

Најмалку 11 војници загинаа, а 15 се ранети во напад на воена база во близина на воената академија во главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти авганистанското министерство за одбрана, пренесуваат светските медиуми.

Во нападот учествувале петмина милитанти, од кои четворица се убиени за време на нападот, а еден е уапсен, рекле од министерството.

Како што јавува новинската агенција „Амак“, одговорноста за нападот ја презела Исламска држава.

Денешниот напад доаѓа два дена по смртоносниот напад во Кабул, кога во експлозија на амбулантно возило загинаа најмалку 100 луѓе, а повеќе од 15 беа повредени. Одговорноста за овој напад ја презедоа талибанските милитанти.

Пред една недела талибанските милитанти убија 22 лица во напад на луксузен хотел во Кабул./Извор: Мета.мк

Спонзорирано: