9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Мистериозен случај: Го удрил гром, а потоа почнал да чита туѓи мисли!

Мажот кој преживеал удар од гром тврди дека тоа било искуство кое му го променило животот и дека во тој момент станал способен да ги „слушне“ туѓите мисли.

Видеото во кое е забележано како молња го удира австралискиот фотограф Бриан Скинер стана хит на интернет.

Инцидентот се случил на 30 декември 2014. година.

– Удри многу блиску, отприлика пет метри од мене, рекол Скинер, чија сопруга Јулија случајно го забележала инцидентот, додека снимала како Бриан ги фотографира молњите.

– Ја ставив раката на фотоапаратот за да го запрам снимањето и буквално ја видов светлината како проаѓа низ мојата рака. Се чинеше како се` да запре… целосно вонтелесно искуство. Се чинеше како светлосна топка да струи низ мојата рака цели пет минути, раскажал Скинер.

За среќа, громот не го погодил Скинер директно, па успеал да побегне.

– Штом влегов во автомобилот, погледнав во мојата рака која беше црна, а златниот прстен кој го носев беше свиткан, рекол тој.

Иако неговата рака била тешко изгорена, тврди дека златниот прстен најверојатно му го спасил животот бидејќи на себе примил поголем дел од ударот.

Веднаш отишол на лекар и бил на рендген кој покажал дека ниту една коска не е скршена.

На Браин Скинер оттогаш почнале да му се случуваат необјасниви работи за кои, вели, знае дека луѓето нема да му веруваат.

– Моите чувства седум дена по ударот беа посилни. Можев да видам работи кои инаку не ги гледав и да слушам на голема далечина, дури до километар, а станав и многу посилен, вели Скинер, кој тврди дека месец дена можел да чита туѓи мисли.

– Тоа беше најчудното искуство. Кога би погледнал некого би можел слушнам што мисли, како да ми зборува мене. Се прашував дали халуционирам. Кога некој ќе влезеше во просторијата, знаев што ќе каже и пред да прозбори.

– Мислев ’Дали сум јас Кларк Кент? Супермен?’- се насмеал и додал: – но ударот навистина ме промени. Можев да кревам тежина три пати потешка отколку порано, раскажува Скинер, кој сакал научно објаснување за тоа што му се случило.

– Некои експерти веруваат дека кога ќе преживееш удар на молња енергијата останува во телото. Сега секој пат знам кога се приближува бура – мојата рака буквално пулсира.

– Сакам да фотографирам молњи. Тоа го правам 25 години. Но ова беше повик на будење. Сега веќе не го земам животот здраво за готово. Нашиот живот на земјата е така краток и драгоцен – заклучил Скинер.

Спонзорирано: