20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Тепачки и општ хаос поради намалена цена на кремот „Нутела“ во познатите супермаркети

На социјалните мрежи беа објавени снимки од општиот хаос и хистеријата во француските продавници кои настанале поради намалувањето на цената на популарниот чоколаден крем „Нутела“ за дури 70%.

Во четвртокот во продавниците низ Франција владееше хаос кој некои тамошни медиуми го нарекоа „општо востание“. Објавените снимки покажуваат неверојатни толпи во маркетите поради кремот „Нутела“, чија цена била намалена за 70 отсто. Купувачите на видеата се туркаат, врескаат и прават сè за да дојдат до својот омилен чоколаден крем. Според сведоците, во некои продавници се одвивале дури и крвави битки.

„Се однесуваат како животни. Една жена ја кубеа за коса, си фрлаа кутии врз глава, една постара жена имаше раскрвавена рака. Целата ситуација беше страшна“, изјавил купувач за весникот „Ле прогрес“.

Во делови на Северна Франција полицијата била принудена да ги смирува насилните купувачи, а слични инциденти биле пријавени и во други региони. Во општата борба за „Нутела“, која само во текот на денот чинела 1,40 наместо 4,50 евра, учествувале и вработени во продавниците, информираат француските медиуми.

Некои од клиентите ги напуштале продавниците со модринки на очите, а во еден супермаркет купувачите буквално скокнале врз вработен кој донел цела палета со чоколадниот крем. Купувачите во некои продавници дошле уште во текот на ноќта пред намалувањето со цел да си скријат тегли на различни полици и на тој начин да се осигураат дека први ќе ги најдат наредното утро, за време на попустот. Според изјавите на вработените, во еден маркет за 45 минути биле разземени дури 700 тегли со „Нутела“.

Спонзорирано: