7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Америка секогаш прва

Американскиот претседателот, Доналд Трамп, со жесток напад врз, како што ги нарече, грабливите трговски практики, предупредувајќи ги трговските партнери на Светскиот економски форум во Давос дека САД нема да толерираат нефер трговија, прнесе Би-би-си.

Тој рече дека овие предаторски практики ги нарушуваат пазарите и САД повеќе нема да „замижуваат“. Трамп изјави дека секогаш ќе биде Америка прва кога станува збор за трговија, но, како што рече, тоа не значи и Америка сама. „Америка е отворена за бизнис“ им порача на светските финансиси лидери.

Трамп ги пофали економските достигнувања за време на неговата прва година на функцијата, вклучувајќи ги намалувањето на корпоративниот данок и намалувањето на стапката на невработеност, и рече дека САД се поатрактивни од кога и да е за странски инвестиции.

„Јас сум тука за да дадам едноставна порака – никогаш немало подобро време да се вработи, да се гради, да се инвестира и да расте во САД. Америка е отворена за бизнис и повторно сме конкурентни”, рече тој.

Говорот на Трамп беше широко очекуван, а луѓето, како што пренесува Би-би-си, чекале речиси два часа да влезат внатре за да го слушаат.

Спонзорирано: