12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Симфониски концерт „Чајковски и Бетовен“ во Македонската филхармонија

В среда, 31 јануари, со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија ќе се одржи симфонискиот концерт „Чајковски и Бетовен“.

Како солист ќе настапи еден од најуспешните европски виолинисти, Роман Симовиќ, кој моментно е концерт-мајстор на реномираниот Лондонски симфониски оркестар.

Овој брилијантен виртуоз за македонската публика ќе го изведе прекрасниот Концерт за виолина и оркестар бр. 1 од Петар Илич Чајковски, еден од најпопуларните, но и најизведувани концерти за овој инструмент.

Под диригентство на нашиот маестро Борјан Цанев, оваа вечер ќе биде изведена и револуционерната Симфонија бр. 1 од музичкиот гигант Лудвиг ван Бетовен.

Спонзорирано: