9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британски аеродром пронашол решение за една од најнепријатните ситуации

Аеродром во Велика Британија решил да му стави крај на едно непријатно сценарио за момците ширум светот.

Станува збор за следново: вереничкиот прстен ви е подготвен и спакуван заедно со останатите работи кои ги носите на незаборавното патување со вашата сакана личност. Сепак, безбедносните системи на аеродромот почнуваат да алармираат бидејќи не е дозволено со вас да носите метални предмети, а со тоа пропаѓа и вашето планирано изненадување.

Токму затоа аеродромот во Ист Мидлендс во Велика Британија пронајде одличен начин за да се избегне ова кошмарно сценарио, односно смислиле тајна шифра за сите оние кои планираат да ги израдуваат своите партнери.

Сè што е потребно е патниците да се јават во аеродромот пред да патуваат за да ја добијат шифра.

Потоа истата му се соопштува на обезбедувањето, по што патниците со прстен одат во посебна линија, каде што нема да бидат изложени на погледот на саканата личност.

„Навистина би било срамота за некој што до детали го испланирал своето романтично патување, истото да биде уништено уште пред полетувањето. Се разбира дека постојат поромантични места за брачни предлози од нашиот аеродром, па затоа одлучивме да им излеземе во пресрет на овие луѓе. Ние сакаме нашите клиенти да бидат задоволни и да се вратат кај нас“, изјавил Метју Кини, директор на обезбедувањето на аеродромот во Ист Мидлендс.

Спонзорирано: