9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Американска конгресменка тврди: САД воопшто не можат да се одбранат од големи напади

Копнените системи за противракетна одбрана не можат да ги заштитат САД од голем нуклеарен напад, изјави американската конгресменка Елис Стефаник.

Според нејзините зборови, Америка се соочува со растечка закана од нуклеарен напад и не само од Северна Кореја и Иран, туку во игра се и Русија и Кина.

„Со цел да го зголемат своето геополитичко влијание, овие земји не предизвикуваат на сите фронтови и директно ја загрозуваат нашата национална безбедност“, изјави Стефаник и потсети дека од досегашните 18 тестирања на ракетниот штит само 10 од нив биле успешни, иако ниту еден од тестовите не бил извршен во услови на имитација на реален напад.

„За уништување на една непријателска цел се користат четири пресретнувачи, што е многу лошо бидејќи непријателот може да лансира и мамци кои би ги принудиле нашите ракети да ги следат и тоа залудно“, додаде таа.

Истовремено, таа предупреди дека системите за противракетна одбрана се наоѓаат во Алјаска и Калифорнија, што значи дека источниот брег на САД практично е незаштитен.

„За да се промени вкавата ситуација, потребно е одбранбен штит да се постави и во Форт Дам, недалеку од Њујорк“, заклучила конгресменката, пренесува „Спутник“.

Спонзорирано: