23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Триесет тони смет собран во Кисела Вода

Општина Кисела Вода во акцијата за расчистување на тревните површини, парковите и улиците на својата територија досега собра околу 30 тони смет.

Со оваа акција, која продолжи да се одвива и оваа работна недела, беше извршено расчистување на сметот и во месните заедници Припор и Пинтија, каде беше собран околу 4 тони смет. Денеска оваа акција во тек е и во УЗ „Бирарија“.

Со акцијата за расчистување, која почна да се одвива од почетокот на овој месец па досега, беше извршено целосно расчистување на отпадот во повеќето урбани и месни заедници на територијата на Општина Кисела Вода.

За успешно спроведување на овие акции за расчистување на отпадоците, локалната самоуправа преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита ги вклучи своите сезонски работници. Во истата беше вклучен и еден камион.

Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи со секојдневни активности за расчистување на својата територија преку кои ќе дава придонес за почиста и поздрава животна средина. Воедно, локалната самоуправа повторно апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за Јавна чистота.

Спонзорирано: