5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп до Тереза Меј: Би можеле да бидете новиот Черчил

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонски разговор со британската премиерка Тереза Меј ѝрекол дека таа би можела да биде Винстон Черчил на новата генерација.

„Дејли телеграф“ дознава дека претседателот на Меј ѝ раскажал дека го гледал филмот Darkest Hour во кој Гери Олдман го глуми Черчил, па ѝ порачал да го гледа филмот.

Британскиот весник ја пренесува веста повикувајќи се на три извори кои биле запознаени со телефонскиот разговор и наведува дека лицата од Белата куќа и од Даунинг стрит ги потврдиле наводите, но дека не е позната реакцијата на премиерката.

Еден од изворите на весникот истакнал дека коментарот на Трамп следел откако Меј потсетила дека Черчил бил изгласан за најголемиот Британец во историјата, според анкета што во 2002 година ја спровела Би-би-си.

Спонзорирано: