14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Скопјани ќе пијат поевтина вода, но нема да плаќаат помала сметка

Наместо досегашните 29,39 денари за метар кубен, цената на водата ќе изнесува 28,68 денари, што претставува намалување за 0,72 денари, информиираат од ЈП „Водовод и канализација- Скопје“. Сепак, во сметките за вода ќе се појави дополнителен трошок од 2,04 денари за пречестителни станици за отпадни води на реките Лепенец и Треска, кои ќе бидат во надлежност на јавното претпријатие.

Од „Водовод“ соопштуваат дека Регулаторната комисија доставила три предлози за корекција на цената на водните услуги по што управиот одбор на претпријатието го прифатил предлогот за корекција на водните услуги од најниско ниво.

Додаваат дека и покрај наследената превработеност на претпријатието со неквалификуван кадар и големата задолженост направена од претходното раководство, жителите на градот Скопје ќе плаќаат најниска цена за вода за пиење на територијата на Република Македонија.

Спонзорирано: