16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Русија тврди дека не е одговорна за нападот со хемиско оружје во Сирија

Министерството за надворешни работи во Москва обвини за масовен пропаганден напад од страна на властите во САД, кои се обидуваат да ја оцрнат Руската Федерација на меѓународната сцена и да им ја припишат одговорноста за инцидентите со употребата на хемиско оружје во Сирија на неа и на Дамаск.

„Спротивно на здравиот разум, заедно со легитимните власти на Сирија, САД нѐ прогласија за одговорни за хемискиот напад во Источна Гута од 22 јануари“, истакнаа од Министерството.

Оттаму додаваат дека американските власти се обидуваат да му ја вкоренат на светот помислата дека Москва помага за користење хемиско оружје во Сирија, иако за разлика од САД, Руската Федерација ги уништила сите свои резерви на хемиско оружје.

Реакцијата доаѓа како одговор на изјавата на државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, кој рече дека најпосле Русија ќе сноси одговорност за жртвите во Источна Гута и за можното користење хемиско оружје против други Сиријци.

На почетокот на 2018 година западните медиуми, повикувајќи се на организацијата „Бели шлемови“, чии членови се противат на политиката на Дамаск, пријавија хемиски напад во Гута. Според нивните информации, како резултат на труење со амониум хлорид, настрадале 20 цивили.

Хемискиот напад сѐ уште не е потврден, но „Белите шлемови“ побараа одговорност од сириската Влада.

Спонзорирано: