13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Отворена предистражна постапка за затајување данок при увоз на гориво

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас во врска со злоупотреба и затајување данок при увоз на дизел гориво.

Предистражната постапка е почната поради постоење сомнение дека се увезувала стока декларирана како нафта за домаќинство, а всушност се увезувало дизел гориво при што е нанесена штета на буџетот на Република Македонија.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција презема дејствија за утврдување на фактите, се вели во соопштението.

Спонзорирано: