11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Мамо помагај, возот излегува од шините“, потресно сведоштво од несреќата

Во несреќата со воз кој излета од шините во Милано настрадаа три женски лица, десет луѓе се потешко повредени, а 110 се здобиле со повреди.

Италијанската новинска агенција „Анса“ раскажа драматично сведоштво на родителите на девојка која се наоѓала во возот, наменет пред сè за превоз на вработени во Милано.

„Ќерка ми ме повика на телефон непосредно пред несреќата. ‘Мамо помагај, возот излегува од шините!’ Потоа настана тишина. Ништо повеќе не ми рече, сега не се јавува на телефонот“, раскажа мајката на патничката.

Се работи за трета железничка несреќа во последните десет години во Италија.

Спонзорирано: