23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Катар преговара за купување „С-400“ од Русија

Амбасадорот на Катар во Русија, Мухамед Ел Атијах, изјави дека неговата држава е заинтересирана за купување ракетни системи за противвоздушна одбрана „С-400 триумф“ од Русија.

„Преговорите по повод купување на тие системи се во поодмината фаза“, дополни Ел Атијах за ТАС.

Амбасадорот на Катар истакна дека неговата земја преговара и за набавка на оружје за копнените сили на катарската војска.

Пред два дена беше потпишан договор за испорака на „С-400“ за Турција, потврди рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, кој рече дека има и други земји заинтересирани за купување на овој ракетен систем.

Спонзорирано: