19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрват задржан поради инцидент на словенечко-хрватски граничен премин

По тричасовна блокада од безбедносни причини, словенечко-хрватскиот граничен премин Каштел-Драгоња е повторно отворен за сообраќај. Според информациите од регионалните медиуми, еден хрватски државјанин бил задржан од страна на полицијата.

Како што објавија словенечките медиуми, преминот бил затворен поради сомнение дека во еден автобус била поставена бомба. Сепак, експлозивна направа не била пронајдена, а преминот бил затворен утрово во 8:40 и повторно отворен во 11:45 часот.

Локални портали објавија дека во автобус со хрватски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовна линија, хрватскиот државјанин се заканувал дека има поставено бомба.

Спонзорирано: