15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: Заев се навраќа кон штетните преговарачки тактики на Глигоров

Од политичката партија Единствена Македонија преку соопштение наведуваат дека се длабоко изненадени од определбата на Заев за повторно враќање на штетната тактика на екстремна кооперативност во спорот за името која, како што велат оттаму, ја применувал поранешниот претседател, Киро Глигоров.

„Глигоров во спорот за името по налог на странците брзопотезно се согласи со промена на Уставот во 1992, промена на името во 1993, промена на знамето во 1995, мислејќи дека така ја импресионира европската јавност, но Македонија повратно немаше никаква корист иако практично ги потроши клучните адути во спорот за името“, наведуваат од Единствена Македонија.

Како што истакнуваат оттаму, во Давос Заев тргнал по стапките на Глигоров и брзопотезно се согласил за промена на името на аеродромот и автопатот, а за возврат добил отворено мајтапење од грчкиот премиер Ципрас, кој ќе се смилувал и ќе покажел добра волја.

„Заев на своевиден начин призна дека сме грешеле во изминатите 27 години со инсистирањето да бидеме Македонци“, велат од партијата.

Од Единствена Македонија предлагаат кога Заев веќе тргнал да го менува името на автопатот, истиот да се вика „Геноцид“ како име за пат кој поминува и низ места во Беломорска Македонија каде, како што наведуваат, се врши етничко чистење на Македонците во последните два века.

„Единствена Македонија му порачува на својот народ дека овие антицивилизациски и антимакедонски отстапки во изминатите 27 години ќе станат беспредметни со зачленувањето на Македонија во Евроазиската унија и воспоставувањето стратешко партнерство со Русија каде не се доведуваат во прашање македонскиото име и идентитет, туку истите се почитуваат“, стои во соопштението на партијата.

Спонзорирано: