12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Жителите на општина Центар се ослободија од стариот електронски отпад и донираа за социјално загрозените

Голем број жители na општина Центар се ослободија од старите и дотраени електрички уреди и опрема во рамки на акцијата „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“, информираат од Oпштината.

Според нивните податоци, за учество во акцијата се пријавиле 400 граѓани кои на одредените собирни пунктови ги донеле своите стари телевизори, машини за перење, бојлери и мали уреди за домаќинство.

Притоа, секој од нив добил ваучер од „Техномаркет“ во вредност од 100, 400 и 600 денари. Многумина од граѓаните се откажале од ваучерите, а, како што информираат од Oпштината, собраната сума ќе се искористи за набавка на нов уред, кој ќе се донира на социјално загрозено семејство.

Акцијата е дел од континуиран проект, којшто две години се спроведува на територијата на Општина Центар, во соработка со урбаните заедници и колективниот постапувач „Нула отпад“ од Скопје.

Електричниот и електронскиот отпад навидум изгледаат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно влијаат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина.

Спонзорирано: