7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама: Би можеле заедно во ЕУ ако Србија го признае Косово

Албанскиот премиер Еди Рама изјави во Давос дека се надева на заедничко пристапување во Европската Унија со Србија под претпоставка дека Србија ќе го признае Косово.

„Србија е во предност бидејќи веќе преговара, а ние се надеваме дека ќе започнеме годинава со преговори. Но, тоа е здрава конкуренција и би сакале бргу да напредуваме, па зошто да не и во иднина да бидеме во иста положба и да влеземе заедно во Европската Унија под претпоставка дека Србија го признала Косово“, изјави Рама пред новинарите на Светскиот економски форум.

Рама призна дека погрешил со прогнозите оти следен претседател на САД ќе биде Хилари Клинтон, но истакна дека САД и понатаму остануваат важен партнер на Албанија.

Спонзорирано: