9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Продолжува акцијата за поставување заштитни столпчиња по должината на централните улици во Скопје

Во Скопје продолжува акцијата за поставување заштитни столпчиња по должината на повеќе улици и булевари во централното градско подрачје со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и овозможување непречено движење на пешаците. Во оваа акција во изминатите два месеца се поставени речиси 300 заштитни столпчиња, информираат од Град Скопје.

Како што соопштуваат оттаму, екипите на ЈП „Улици и патишта“ извршуваат градежни активности за поставување заштитни столпчиња на тротоарите на булеварот Свети Климент Охридски, на потегот од крстосницата со улицата Свети Кирил и Методиј до крстосницата со улицата Димитрие Чуповски. Досега се завршени градежните работи од едната страна на булеварот (пред Европскиот факултет), каде што се поставени 126 заштитни столпчиња, а во моментот се извршуваат градежни работи од другата страна на булеварот, каде што треба да се постават дваесетина столпчиња.

Изминатиов период во рамките на оваа акција столпчиња беа поставени и по должината на улицата Димитрија Чуповски, пред Министерството за правда, како и по должината на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, пред објектот на поранешна „Нова Македонија“.

Спонзорирано: